Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлива победа (4:0) над соодветната селекцијата на Грузија во натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во рамките на групата Б1 (втора рунда, лига Б).
Првиот погодок беше дело на Панеска во 22. минута од мечот. Сулејмани во последните моменти од првото полувреме го зголеми нашето водство.
Во продолжението од натпреварот, Македонија постигна уште два гола за убедлив триумф на почетокот на квалификацискиот турнир. Мејер во 82. минута погоди за 3:0, а конечниот резултат го постави Настовска во последната минута од дуелот.