Холандското засилување на Црвена звезда, Лоренцо Ебесилио доживеа неверојатна сцена во Русија, објавува рускиот портал „Спорт експрес“, објаснувајќи дека во мај 2017 година, тој станал татко на две деца во ист ден додека бил фудбалер на тимот на Анжи од Махачкала.
Двете девојки кои добиле деца од Ебесилио гостувале на популарно ТВ шоу во Русија, „Пушти ги да зборуваат“. Едната девојка, Ана Багаева (која доби девојче) откри дека тој ја напуштил неа и ќеркичката Малена и избегал на Кипар откако дознал дека таа работела како „девојка за придружба.
„Тој ми изгледаше убав и шармантен, но кога бев бремена во шести месец, Дарја ме најде на социјалните мрежи и ми откри дека и таа е трудна“, вели Багаева.
И другата девојка, Дарја Данилина, има уште поневеројатна приказна – Ебесилио ја повикал со неа да замине на Кипар, каде што требал да потпише за тимот на АПОЕЛ.
„Пристигнав на Кипар и никој не ме дочека. Таму беа два големи куфери и количка за деца. Потоа се обидев да пишувам на нејзината мајка, но недобив одговор“, открива Данилина, со која Ебесилио добил син (Матео).
Шоуто не заврши тука – се појави адвокатката на Ебесилио, Роксана Насибова, која откри дека фудбалерот се согласил да плаќа елиментација од 1.500 евра месечно. На крајот на емисијата, се откриваат резултатите од ДНК-тестот со кој се потврдува дека двете деца се на фудбалерот.
Целото шоу, ако разбирате помалку руски е достапно на линкот.