Top Sport

Фудбалот во Аргентина суспендиран по обидот за атентат над потпретседателката

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) ги суспендираше сите фудбалски активности во земјата по неуспешниот обид за атентат над потпретседателката на земјата, Кристина Фернандез де Кирхнер.

Де Кирхнер остана неповредена, откако пиштолот на напаѓачот се „заглави“ во четвртокот кога таа се враќаше во својот дом од судот во Буенос Аирес, каде што одговара за корупција. Атентаторот, кој аргентинските медуми го опишаа како 35-годишен Бразилец е во притвор.

„Аргентинската фудбалска асоцијација го осудува тоа што се случи со потпретседтелката Кристина Фернандез де Кирхнер, и бараме сите како општество да пратиме порака дека насилството не е решение“, се вели во одлуката на федерацијата.

Де Кирхнер беше претседателка на Аргентина од 2007 до 2015 година.

Scroll to Top