Top Sport

Фудбалската репрезентација пристигна во Романија

Македонските репрезентативци пристигнаа во Букурешт каде што во периодот од 13. јуни до 17. јуни ќе ги одиграат првите два меча од Европското првенство 2020.

Нашите репрезентативци имаа срдечен пречек од домаќините кои како и многупати претходно, и нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија.

Воведниот натпревар го играме против селекција на Австрија на 13 јуни со почеток од 18 часот, а вториот меч против Украина е закажан за 17. јуни со почеток во 15 часот.

Последниот меч од групата Македонија ќе го одигра на 21.јуни, против Холандија во Амстердам.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top