Top Sport

Фудбалски хаос во Мексико, непотврдени извори тврдат има барем 17 мртви!

Саботниот меч помеѓу Кверетаро и Атлас во мексиканската Лига МХ беше прекинат во второто полувреме откако имаше вистински хаос на трибините и на теренот со масовна тепачка меѓу навивачите по која според непотврдени извори има барем десетина загинати.

„Неприфатливи сцени на ‘Естадио Коредигора’ во Кверетаро. Тие кои се одговорни за безбедноста на стадионот ќе бидат казнети. Безбедноста на нашите навивачи и играчи останува приоритет. Мечот нема да биде продолжен“, напиша претседателот на лигата, Микел Ариола.

По неверојатните сцени кои се споделија социјалните мрежи, прво се објави дека има 17 загинати и повеќе посериозно повредени, но ниту Лига МХ, ниту двата клуба не го потврдуваат тоа.

Според шпанска „Марка“ од мексикански извори, локалните власти објавија дека 22 луѓе се во болница, од кои 9 се во критична состојба, додека ултрасите на двата клуба потврдија дека има барем 6 загинати.

Scroll to Top