Top Sport

УФЦ потврди: Хабиб во Куќата на славните

УФЦ во саботата потврди дека Хабиб Нурмагомедов ќе влезе во Куќата на славните, по крајот на неговата блескава кариера. Хабиб ја заврши кариерата со совршен 29-0 скор (13-0 во УФЦ), и според многумина е еден од најдобрите ММА фајтери во историјата.

Нурмагомедов се повлече во 2020 по победата над Џастин Гетџи на УФЦ 254, исполнувајќи го ветувањето дадено на својата мајка. Тој стана првпат шампион на УФЦ 223, кога го победи Ал Јакинта за титулата во средна категорија, а најпознат меч дефинитивно му е триумфот на УФЦ 229 против Конор Мекгрегор.

33-годишниот Хабиб ќе се приклучи во „модерното крило“ на Куќата на славните на УФЦ, каде што засега се Форест Грин, Би Џеј Пен, Јураџа Фабер, Ронда Раузи, Мајкл Биспинг, Рашад Еванс и Жорж Сен-Пјер.

Scroll to Top