Рускиот фудбалски клуб Урал објави неверојатна листа на „заборавени“ работи на нивниот стадион во Екатеринбург по мечот со Ростов, во која се вклучени и градници, отварачи за пиво, ножички, термоси, ракавици, неколку пара клучеви…
Урал се на 12. место во руската Премиерлига по слабиот старт на сезоната, но одиграа 1:1 со високопласираниот Ростов минатиот понеделник. Резултатот очигледно ги возбудил фановите, ако се смета на тоа што сѐ оставиле на стадионот.
„Драги фанови, ако загубите нешто на ’Екатеринбург арената’ имате шанса да ги најдете во нашиот оддел за загубено и најдено. По мечот Урал-Ростов беа пронајдени: фотографии, градник, дезодоранс, кутии за храна, термоси, неколку пара клучеви, ножички, алат, чадори, инхалатор и банкарски картички“, се вели во соопштението на клубот.
Бюстгальтер, штопор и гаечный ключ. Что еще потеряли болельщики на матче #УралРостов? Ответ ?https://t.co/9ESG6xfjjj pic.twitter.com/njJtPqt7ee
— ФК Урал (@FCURAL) September 24, 2018