Фудбалскиот свет синоќа го запозна 21. годишниот Ориол Солдевила. Играчот на Интерсити постигна хет-трик против Барселона во Купот на Кралот.
Барселона дури по 120 минути игра успеа да се пласира во четвртфинелто во Купот на Кралот. По 90 минути игра, резултатот беше 3:3. Головите на Араухо, Дембеле и Рафиња ги поништи Солдевила.
Содевиља е роден во Барселона, а првите фудбалски чекори ги направи во Ла Масија, познатата фудбалска школа на Барселона, која ја напушти во 2020 година. Инаку, Солдевила е играч од редот за врска, а не напаѓач, но сепак успеа три пати да ја погоди мрежата на клубот за кој навива.
Според „Трансфермаркт“, Солдевила на фудбалскиот пазар вреди 100.000 евра. По синоќешната партија против Барселона сигурно е дека неговата цена се зголеми.