Фулам го потврдија комплетирањето на трансферот на фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андреас Переира за 10 милиони фунти. 26-годишниот Бразилец, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Фламенго, потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб, со опција за уште допонителни 12 месеци.
„Пресреќен сум што сум тука и едвај чекам да ја почнам сезоната со Фулам. Сакам да помогнам на клубот да се заддржи во Премиерлигата. Менаџерот Марко Силва беше многу важен за мене во овој трансфер, бидејќи зборувавме постојано и тој ме сакаше во тимот“, вели Переира.
Introducing…#SUPEREIRA ?♂️ | #FFC pic.twitter.com/uQV9iB8BgZ
— Fulham Football Club (@FulhamFC) July 11, 2022