Top Sport

Фулам ќе игра против Брентфорд за влез во Премиер лигата

Фулам загуби на домашниот „Крејвен котиџ“ со 1:2 од Кардиф сити, но сепак, ќе игра бараж за влез во Премиер лигата против аутсајдерот Брентфорд, откако имаше предност од 2:0 од првиот меч.

Фулам, тимот кој лани испадна од лигата, ќе има шанса експресно да се врати во елитата, откако тимот на Скот Паркер изддржа нервозно второ полувреме за да ја заддржи предноста во двобојот.

Стартот на мечот беше фуриозен – Кертис Нелсон ги донесе Кардиф во водство уште во осмата минута, пред во следниот напад Нискенс Кебано да израмни на 1:1. Гостите се понадеваа на целосен пресврт кога во 47. минута Ли Томлин повторно донесе водство за Кардиф, но тоа не беше доволно да се надополни предноста од првиот меч.

Дуелот на „Вембли“ вреден милиони фунти ќе се оддржи на 4 август.

Scroll to Top