Фулам успеа да стигне до гостинска 2:0 победа кај Кардиф сити во првиот меч од второто полуфинале од баражот за влез во Премиер лигата, зголемувајќи ги шансите за итно враќање во елитата.
Голот на Џошуа Онома во 49. минута донесе предност, пред во 91. минута Нискенс Кебано да големи за 2:0 за победа на лондонскиот клуб, и сега веќе во четврток на сопствен терен ќе имаат шанса да обезбедат место во финалето на „Вембли“.
Во првото полуфинале Свонси пред домашниот меч против Брентфорд имаат 1:0 предност. Лидс по 16 години се врати во Премиер лигата како шампион во Чемпионшип, а второто место и директен пласман обезбедија Вест Бромвич Албион. Од Премиер лигата испаднаа Вотфорд, Бурнемаут и Норич.