Леонардо Бонучи имаше шанса да биде капитен на Италија на „Сан Сиро“ во полуфиналето од Лигата на нации на УЕФА, но успеа да добие два жолти картони во првото полувреме и да ги остави „аѕурите“ со играч помалку, што на крајот резултираше со 1:2 пораз од Шпанија, за кои несомнено прв херој е Феран Торес со своите два гола.
Торес во 17. минута го донесе тимот на Луис Енрике до водство, пред Бонучи прво по половина час игра да добие жолт картон за расправање со судијата, за во 42. минута во еден невнимателен старт со лакт да го удри Серхио Бускетс и да му биде покажан патот до соблекувалната.
Here’s a look at the Leonardo Bonucci red card in today’s Nations League semi-final game. #ITAESP#NationsLeague #Italy #Spain #Azzurri #LaRoja
pic.twitter.com/5yDWiLNDtq— Ronard Addo (@ronard_addo) October 6, 2021
Во финишот на полувремето, Торес уште еднаш стрелаше за 0:2 водство, по што во второто полувреме, иако со играч помалку европските шампиони успеаја да намалат во 83. минута преку Лоренцо Пелегрини, но немаа време за ново постигнување.
Ова е прв пораз на тимот на Роберто Манчини од септември 2018 година, кога загубија со 1:0 од Португалија во меч од Лигата на нации, по што следуваше рекордна низа на мечеви без пораз, вклучувајќи ја и европската титула освоена на „Вембли“ во јули.
Шпанија во финалето, повторно на „Сан Сиро“ ќе игра со подобриот од утрешното второ полуфинале меѓу Франција и Белгија.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк