Top Sport

Фуриозен старт на Франција – Тео Ернандез за водство по само 5 минути игра

Франција покажа дека не е за „џабе“ светски шампион, откако по само 5 минути игра им ги скрши срцата на илјадниците марокански навивачи на трибините, постигнувајќи гол за водство.

По една опасна акција, Гризман му асистираше на Килијан Мбапе, кој ја „збрка“ целата одбрана на Мароко, а неговиот удар потоа дојде до Тео Ернандез, и фудбалерот на Милан постигна прекрасен гол за водство. Супер-почеток за „триколорите“.

Scroll to Top