Top Sport

Пабло Мари се врати на тренинзи првпат по нападот со нож

Шпанскиот фудбалер, Пабло Мари се врати на тренинзи со Монца првпат откако беше нападнат со нож во супермаркет во близината на Милано, во инцидент во кој еден човек загина, а неколку беа повредени.

Мари, кој е фудбалер на Арсенал и игра на позајмица во Монца, беше избоден во нападот кој се случи во супермаркет на „Керфур“ во предградието Асаго. 46-годишниот напаѓач беше уапсен и е во психијатриската болница „Сан Паоло“ во Милано, откако призна дека бил љубоморен на фудбалерот при нападот. На Мари му беа потрбни ве операции за повредените мускули во грбот.

Не е јасно дали тој ќе биде доволно подготвен да игра во пријателскиот меч со Лион на 22 декември. Првиот меч на Монца по рестартирањето на сезоната е на 4 јануари на гостувањето кај Фиорентинa.

Scroll to Top