Top Sport

Фуриозни половина час за прва лигашка победа на Атлетико во 2023

Атлетико Мадрид стигна до рутинска 3:0 победа над Реал Валјадолид, обезбедена во првите 28 минути од мечот на „Метрополитано“, за прв триумф во 2023 година и зацврстување на четвртото место во Ла лига.

Антоан Гризман беше на нивото на задачата, откако прво му асистираше на Алваро Мората во 18. минута, за во 23. минута самиот да го зголеми резултатот на 2:0. Само пет минути подоцна Марио Ермозо го постигна и третиот гол за убедливи 3:0 кои беа доволни за победа на тимот на Диего Симеоне.

По потпросечниот прв дел од сезоната, Атлетико се на четвртото место на табелата со 31 поен, дури 10 зад лидерот Барселона (и тоа со два натпревари повеќе од каталонскиот клуб) и три поени пред Вилјареал, кои утре ја пречекуваат Џирона. Валјадолид се на 17. место на табелата со 17 поени, само еден над зоната за испаѓање.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top