Top Sport

Палас не дозволи Њукасл да замине со победата од Лондон

Три дена откако успеаја да го стопираат Манчестер јунајтед со 1:1 реми, Кристал палас успеа да извлече поен против уште еден високопласиран тим, одигрувајќи 0:0 со Њукасл на „Селхарст парк“.

Тимот на Патрик Виера имаше повеќе од играта, но Њукасл го има одличниот Поуп на голот, кој ги сопре сите обиди на домаќините. Во второто полувреме, пак, гостите имаа повеќе од шансите, но одбраната на Палас ги издржа сите напади. Со овој резултат, Њукасл се враќа на третото место на табелата во Премиерлигата со 39 поени, колку што имаат и четвртопласираните Манчестер јунајтед, кои утре гостуваат кај Арсенал во големото дерби.

Палас, пак, се на 12. место со 24 освоени поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top