Top Sport

Габриел Жесус им порача на Англичаните да го „прогуглаат“ името на Касемиро

Бразилскиот напаѓач, Габриел Жесус им порача на англиските фанови да го искористат пребарувачот „Гуг“ за да откријат дека новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Касемиро е многу повеќе од човек кој има решенија во одбраната.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Касемиро долго време го следи репутација на еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред во светскиот фудбал, но Жесус вели дека навивачите треба подобро да се информирани за квалитетот на неговиот сонародник, откако тој постигна прекрасен гол за 1:0 победата над Швајцарија.

„Не знам дали луѓето во Англија ја следеле кариерата на Касемиро пред да дојде во Премиерлигата, но ако сте ги гледале Реал Мадрид знаете колку голови има дадено во Лигата на шампиони. Одете на ‘Гугл’ и гледајте ги мечевите за Реал, ќе дознаете каков играч е тој. Играв со многу добри играчи од средниот ред, како Фернандињо, но исто така поминаав доста време со Касемиро и тој е неверојатен играч. Некои луѓе не го сфаќаат тоа и не го респектираат доволно. Тој е големо засилување за Јунајтед поради неговиот квалитет. Постојано е фокусиран, никогаш не сака да ја загуби топката и така е било каде, со било кој тим. Затоа е толку успешен“, вели Жесус.

Да ви помогнеме без „Гугл“:

Scroll to Top