Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, би можел од следната сезона да го носи дресот на Арсенал. Тој во последниот период е резерва во тимот на Пеп Гвардиола, па бразилскиот репрезентативец сериозно ќе ја разгледа можноста да се пресели на „Емирати“.
На менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, исклучително многу му се допаѓаат квалитетите на Жесус и му порача на техничкиот директор Еду да се обиде да го доведе во Лондон.
Оваа сезона Габриел Жесус има 23 натпревари и три постигнати гола во Премиерлигата.