Top Sport

Галакси се пофали со Рики Пуиг

По девет години со Барселона, Рики Пуиг го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Лос Анџелес галакси. Откако не успее да се наметне во плановите на Чави Ернандез, 22-годишниот „продукт“ на „Ла масија“ се реши да ја продолжи кариерата во СА, потпишувајќи тригодишен договор со Галакси.

Бидејќи има уште една година од договорот со Барса, Пуиг заминува во Америка како слободен играч, но Барса ја заддржува опцијата да го врати фудбалерот и ќе добие 50 отсто од секој следна продажба.

Пуиг се приклучува на Филипе Кутињо, Оскар Мингеза, Дани Алвеш и Реј Манај како летно зминување од „Ноу Камп“, додека Франциско Тринкао и Клемен Ленгле замина на позајмица. Според шпанските медиуми на продажба се и Мемфис Депај, Мартин Брејтвајт и Миралем Пјаниќ, а продолжува и сагата околу Френки де Јонг и интересот на Манчестер јунајтед и Челси.

Editors’ Picks

Scroll to Top