Галатасарај се подготвени да ја прифатат понудата од Астон вила за позајмица со опција за купување на италијанскиот репрезентативец Николо Ѕаниоло за 31 милиони евра, тврди „Спортиталија“.
Вила ќе плати 4 милиони евра за позајмицата и ќе има шанса да го купи Ѕаниоло за 20 милиони евра плус 7 милиони евра во бонуси. Ѕаниоло си замина од Рома во февруари 2023 за 15 милиони евра по конфликтот со Жозе Мурињо, а се веруваше дека ова лето ќе се врати во Италија со Јувентус, но тие не успеаја да соберат доволно средства со продажба на играчи за да го купат 24-годишниот фудбалер од средниот ред.
Ѕаниоло веќе одби можност да се пресели во Премиерелигата во јануари, кога Борнмут му даваа повисока плата.