Само шест месеци ќе трае престојот на Стивен Н’Зонзи во екипата на Галатасарај. Турскиот клуб го суспендирал Н’Зонзи на неодредено време поради недисциплина.
Светскиот првак со Франција на почетокот на сезоната како позајмен играч од Рома пристигна во Галатасарај.
Турските медиуми пишуваат дека поради недисциплината Турците ќе го вратат Н’Зонзи во Рим. Тоа не е се добри вести за Рома бидејќи фудбалерот има годишна плата од 3,1 милиони евра.
Од почетокот на сезоната Н’Зонзи одиграл 15 натпревари за Галатасарај.