Top Sport

Шоу на Ленард и Џорџ, Лејкерс ја „украдоа“ победата во Мајами, Харден броеше до 54 (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Лејкерс благодарение на своите најдобри играчи забележаа нови победи во НБА лигата.

Пол Џорџ и Каваи Ленард заедно постигнаа 88 поени во победата на Клиперс над Минесота 124:117. Неверојатно звучи податокот дека во првото полувреме Џорџ и Ленард постигнаа 55 од 58 поени на тимот.

На крајот Џорџ мечот го завршил со 46 поени, пет скока, седум асистенции, а Ленард со 42 поени, 11 скока и две асистенции.

На дригата срана доминираа Карл-Ентони Таунс (39 поени, 112 скока) и Ендру Вигинс (34 поени).

ЛА Лејкрес во неизвесен меч ги совладаа Мајами Хит со 113.110. Лејкерс беа поуспешни во пенал-завршницата. На истекот на времето Џими Батлер не успеа да погоди тројка за продолженија.

Батлер беше најефикасен кај Мајами со 23 поени, додека Лејкерс ги предводеа Ентони Дејвис со 33 поени и 10 скока, односно Леброн Џејмс со 28 поени и 12 асистенции.

Хјустон на Флорида го декласираа Орландо Меџик со 130:107. Уште еден неверојатен натпревар одигра Џејмс Харден. „Брадата постигна десет тројки од 15 обиди, а мечот го заврши со 54 поени, пет скока, седум асистенции.

Дуелот во Орландо беше петти од почетокот на сезоната на кој Харден постигнал најмалку 50 поени.

Scroll to Top