Top Sport

Галатасарај подготви 10.000.000 евра за трансферот на Икарди

Турскиот шампион Галатасарај е на пат да добие постојано засилување. Како што објави „Лекип“, челниците на Галата се на прагот да постигнат договор со Пари Сен Жермен околу трансферот на Мауро Икарди.

Според овој извор челниците на шампионот на Франција дале зелено светло и дека само чекаат да се средат документите.

Икарди претходно ги договорил сите услови околу приходите во турскиот клуб каде што беше позајмен во текот на минатата сезона.

Се верува дека Галатасарај за неговиот трансфер ќе мора да плати отштета од десет милиони евра.

Инаку, Аргентинецот претходно настапуваше за Сампдорија, Интер и ПСЖ.

За Галатасарај постигна дури 23 гола на 26 натпревари и беше еден од најзаслужните за осовјувањето на шампионската титула.

Scroll to Top