Галатасарај на Фатих Терим стигна до апсолутно неверојатна победа од 3:2 на гостувањето кај Ризеспор, обезбедена во дури 100. минута од мечот во кој домаќините имаа 2:1 водство, по што пропуштија шанса од пенал да го решат победникот при 2:2, и на крајот примија гол од Галата кои ги играа последните минути со 10 играчи.
На Галатасарај не им оди најдобро оваа сезона и веќе имаат два порази досега, заостанувајќи зад раниот лидер и лут ривал Фенербахче.
На „Чајкур Диди“ стадионот тие дојдоа до рано водство во 5. минута преку Мустафа Мохамед, но Финецот Џоел Похјанпало со два гола во 17. и 26. минута го направи првиот пресврт на мечот. Мохамед израмни за Галата во 75. минута, но само четири минути подоцна Кутлу доби црвен картон, а Ризеспор до шанса од пенал да дојде до три поени. Но, Болдрин не успеа да го даде голот, по што во 90+10. минута од мечот, Диањ со малку контроверзен продор во шестнаесетикот на домаќинот го најде Романецот Олимпиу Морутан за неверојатна победа.
90+10
O. Morutan ve Galatasaray, Rizespor deplasmanında 3-2 galip geldi. pic.twitter.com/GOP5hYMMb7
— The News ?? (@trthenews) October 3, 2021