Top Sport

Совршени 7-од-7 за Наполи и Елиф Елмас!

Наполи го продолжи стартот од соништата во италијанската Серија А, забележувајќи ја седмата победа во седмото коло, триумфирајќи со 2:1 на тешкото гостување кај Фиорентина, додека Рома на Жозе Мурињо стигна до рутинска 2:0 победа над аутсајдерот Емполи.

Тимот на Лучано Спалети продолжува со неверојатниот почеток на сезоната, покажувајќи дека ќе биде кандидат за враќање на скудетото во Неапол по долга пауза, а повторно како и повеќе пати оваа сезона, шанса во последните 20 минути доби и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Лукас Мартинез Кварта им донесе водство на домаќините во Фиренца уште во 10. минута од мечот, по што Наполи одговори во 39. минута кога беше досуден пенал за гостите. Лоренцо Инсиње не успеа да го реализира пеналот, но тука беше Ирвинг Лозано да ја поправи неговата грешка. Трите поени беа освоени во 50. минута преку Косовецот Амир Рахмани за максимални 21 поени по 7 кола.

Рома се искачи на четвртото место на табелата откако Хенрих Мхитарјан и Лоренцо Пелегрини дадоа голови за тимот на Жозе Мурињо за лесна победа над аутсајдерот Емполи.

СЕРИЈА А, 7.КОЛО

Фиорентина – Наполи 1:2

Рома – Емполи 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top