Галатасарај ја освои титулата од Турскиот куп откако постигна три гола во последните десет минути за 3:1 триумф над Акхисар во финалето во Сивас.
Галата, кои се во „мртва трка“ со Башакшехир за титулата во турската Суперлига, губеа со 0:1 до финишот на мечот, откако Елвис Ману во 56. минута го донесе Акхисар во водство, а само девет минути подоцна пропуштија шанса да израмнат кога Баду Ндиаје беше непрецизен од белата точка.
Откако Акхисар во 78. минута остана со играч помалку по вториот жолт картон на Лопес, Галата постигна три гола – Синан Гумуш од пенал во 80-тата минута, Софијане Фегули во 88. минута и Мбаје Диање во 91. минута.
Ова е 18. титула во купот за најтрофејниот клуб во Турција, и прв од 2016 година.