Top Sport

Галатасарај тргнува и по Хуан Мата

Турскиот гигант Галатасарај го официјализираше доаѓањето на Мауро Икарди. Аргентинецот си заминува од ПСЖ, а Галата не престанува да работи. Турските клубови имаат уште неколку дена да доведат играчи, а најнова цел е Хуан Мата.

Според турските медиуми, Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со Турците.

На почетокот на јули Мата стана слободен играч, откако Манчестер Јунајтед не го обнови договорот со фудбалерот кој мина дури осум сезони на „Олд Трафорд“.

Како трансферна цел на Галатасарај се споменува и Хамес Родригез.

Scroll to Top