Top Sport

Проблем за Турците: Шејн Ларкин го завршува Европското првенство?

Шејн Ларкин, кошаркарот на турската репрезентација, се здоби со повреда на раката на денешниот натпревар со Шпанија и ќе биде подложен на дополнително снимање. Тој ќе мора да одлета за Истанбул на снимање и доколку се утврди дека се работи за скршеница, за него Европското првенство е завршено.

Селекторот на Турција, Ергин Атаман, потврди дека еден од најдобрите лекари во светот ќе го прегледа Шејн Ларкин, но истакна дека психолошки кошаркарот не се чувствува најдобро.

Scroll to Top