Top Sport

Галтие: Го ценам гестот на Мбапе кон Нејмар

Тренерот на Пари Сен-Жермен, кристоф Галтие вели дека бил импресиониран од односот на Килијан Мбапе, откако му дозволи на Нејмар да го изведе пеналот при 1:1 ремито со Монако во неделата.

Галтие самиот претходно изјави дека прв изведувач на пенали во тимот е Мбапе, откако тој имаше конфликт со Нејмар околу изведувањето на пенал против Монпелје, по што француските медиуми шпекулираа дека атмосферата во соблекувалната на тимот е „неиздржлива“.

„Хиерархијата е јасно поставена – Килијан е број 1, а Нејмар број 2 за пенали. Но, тука е реалноста на еден меч и кога видов дека Нејмар ќе шутира по разговорот со Килијан го ценев однесуваето на Килијан и благодарноста на Нејмар. Двајцата се големи играчи и тие треба да одлучат според нивното чувство. Најважно е што Нејмар праша убаво, а Килијан потоа му честиташе“, изјави Галтие.

Scroll to Top