Top Sport

Вест хем го потврдија трансферот на Лукас Пакуета за рекордни за клубот 51 милиони фунти

Вест хем јунајтед го потврдија трансферот на Бразилецот Лукас Пакуета од Лион, откако 25-годишниот фудбалер за врска потпиша петгодишен договор со премиерлигашот за рекордни за „чеканите“ 51 милиони евра.

„Пресреќен сум што сум тука, и се надевам дека ова е почеток на добар пата за нас. Се надевам дека ќе донесам успеси за Вест хем. Лани клубот имаше одлична сезона и сакам да помогнам работите да се уште подобри“, изјави Пакуета.

Пакуета, кој има 33 настапи за бразилската репрезентација е поранешен фудбалер на Милан, каде што не успеа да ги покаже своите квалитети, пред да замине за Франција, каде што ја врати својата најдобра форма. Лани во Лига 1, тој имаше 9 гола и 6 аасистенции и беше прогласен за најдобар странски фудбалер во Лига 1.

Scroll to Top