Top Sport

Шампионот Медведев го „збриша“ скопјанецот Козлов

Актуелниот шампион, Данил Медведев ја започна одбраната на титулата од САД опен со импресивна 6:2/6:4/6:0 победа над американскиот тенисер Стефан Козлов за лесен почеток во Њујорк.

Русинот, кој го победи Новак Ѓоковиќ минатата година за своја прва гренд слем титула, немаше проблеми со адаптирањето на игр на хардкорт терени, победувајќи по само 2 часа и1 минута игра во првиот дуел со 24-годишниот Козлов, кој има руско потекло и е роден во Скопје, каде што неговиот татко Андреј Козлов работеше како тениски тренер.

„Пресреќен сум од победата, иако не беше лесно. Температурата е висока, а најмногу пречи влажноста на воздухот. Но, мислам дека одиграв оволно добри поени и бев солиден на мој сервис“, вели Медведев, кому му е потребен добар САД опен за да го заддржи првото место на АТП листата, бидејќи Рафаел Надл, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз и Каспер Руд имаат шанси да го завршат гренд слемот на првото место.

Scroll to Top