На тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие му се заканува затворска казна од три години затвор и 45.000 евра по наводите за дискриминација во неговиот поранешен клуб Ница, објавија француските обвинители, кои сакаат судењето да започне веќе на 15 декември.
56-годишниот Галтие, заеедно со неговиот син Џон Валовик-Галтие беше приведен денеска наутро во Ница, и беше одлучено да добијат обвиненија за „дискриминација на расна или религиозна основа“. Тој е обвинет дека во електронски пораки до спортскиот директор на Ница порачал веќе да не му носат црни фудбалери и муслимани фудбалери.
„Кристоф Галтие е зачуден за навредливите клевети од господинот Жулиен Фурние и поради сериозноста на обвиненијата, кои тој целосно ги отфрла, ангажираше адвокат кој ќе го застапува пред судот“, се вели во објавата на адвокатската куќа.
Во седиштето на Ница е направен претрес, а изведени се и интервјуа со повеќе членови на Ница, вклучувајќи го и претседателот Жан-Пјер Ривер. Поранешниот спортски директор Жулиен Фурние, кој прв ги објави овие тврддња, исто така е повикан на разговор.
🔴 Christophe Galtier risque au maximum jusqu'à trois ans de prison et 45.000 euros d'amende selon les articles 225-1 et suivants, 222-33-2 et suivants du Code pénal.https://t.co/eiFbPb6mtW pic.twitter.com/IhPQFSyXdY
— RMC Sport (@RMCsport) June 30, 2023