По обвинувањата дека е расист, тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие изјави дека неговиот живот е збогатен со различност по мечот со Ленс.
Галтие беше обвинет дека додека бил тренер на Ница одбивал да купува црни фудбалери и фудбалери со муслиманска вероисповед, нешто што тој го демантираше и најави тужба против „РМЦ спорт“, медиумот кој ги објави спорните тврдења преку електронската порака од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние.
Вестите наидоа на бесен одговор во француската јавност, а семејството на Галтие доби телохранители по заканите по животот на тренерот.
„Семејството е добро, како што и треба да биде. Понекогаш мора да најдеш решение во работата. Никогаш не помислив да се откажам. Фудбалерите беа одлични против Ленс и тоа е добар знак. Имав поддршка и од другите тренери, и јавно и приватно. Целиот мој живот е збогатен со различност и затоа тие обвинувања болат повеќе“, вели Галтие.