Новиот тренер на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие потврди дека неговиот клуб бара купувачи за Мауро Икарди и Кејлор Навас, бидејќи двајцата се „вишок“ во тимот.
Костариканскиот голман е поврзуван со трансфер во Наполи, и се верува дека е дел од преговорите за Фабијан Руиз, кој сака во ПСЖ, додека и Икарди се поврзува со враќање во Италија, каде што Монца и Сампдорија се заинтересирани за напаѓачот по мизерните две сезони во Париз.
„Ќе потпишеме со нов напаѓач,Калимуендо ќе замине во Рен на позајмица, а се обидуваме да најдеме решение и за Мауро Икарди. Кејлор Навас не сака да е втор голман зад Џанлуиџи Донарума, и знам дека има неколку клубови кои се заинтересирани“, вели Галтие.
Икарди имаше 38 гола во 92 настапи за ПСЖ, но поголемиот дел од минатата сезона ја помина на клупата.