Top Sport

Стерлинг за заминувањето од Сити: Веќе немав време за губење

Рахим Стерлинг вели дека малата минутажа била главната причина што си замина од Манчестер сити во Челси ова лето, откривајќи дека не можел да прифати да не биде прв напаѓач на тимот во своите најдобри години.

По седум години на „Етихад“, англискиот напаѓач за 47.5 милиони фунти премина во Челси и веќе дебитираше за „сините“ при 1:0 победата над Евертон во првото коло од Премиерлигаата.

„Чувствував дека во Сити добивв ограничено време за игра поради различни причини. Не можев да си приуштам да губам повеќе време. Кога ќе погледнам назад на мојата кариера, не сакав да гледам раст, па паѓање. Затоа ми беше потребен нов предизвик. Од мојата 17-та година постојано сум стартер. Сега, кога сум во најдобрите години, не можам да прифатам да бидам на клупата. Понудата од Челси имаше смисла поради личните цели, моето семејство и насоката во која се вижи клубот“, вели Стерлинг

Scroll to Top