Top Sport

Бензема: Заминувањето на Роналдо ме исфрли во прв план

Реал Мадрид освои уште еден европски трофеј, а капитенот Карим Бензема учествуваше со нов гол во триумфот од 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на УЕФА. Тоа беше 324. гол на Французинот за Реал, со што го надмина и легендарниот Раул.

Бензема вели дека многу работи се промениле за него кога Кристијано Роналдо си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

„За мене се се промени откако Кристијано Роналдо го напушти Реал. Точно е дека постигнав многу повеќе голови, но кога тој беше тука, имавме поинаков стил на игра, многу повеќе асистирав. Тој навистина ми помогна на теренот и надвор од него. Но, и тогаш знаев дека можам многу повеќе, а кога замина, време беше да ја сменам играта и амбициите и навистина добро ми оди“, изјави Бензема.

Scroll to Top