Top Sport

Галтие сака повторно да работи со Осимен

Францускиот „Ле 10 спорт“ тврди дека Пари Сен-Жермен размислува за трансфер на фантастичниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен, откако плановите за трансфер на Милан Шкринијар од Интер пропаднаа поради желбата на Словакот за трансфер во Тотенхем.

Наполи поставија цена од високи 100 милиони евра за нигерискиот напаѓач, но ова нема да претставува проблем за богатиот француски клуб. Осимен би пристигнал на „Паркот на принцовите“ по желба на тренерот Кристоф Галтие, кој со Осимен во тимот ја освои француската лига со тимот на Лил.

Осимен исто така би претставувал и совршена замена за Килијан Мбапе кај парижаните, ако се покажат вистинити шпекулациите за заминување на незадоволниот Килијан Мбапе.

Scroll to Top