Top Sport

Галтие: Треба да играме поразновидно во отсуство на Меси

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, верува дека неговите играчи ќе се снајдат во отсуство на Лионел Меси во групната фаза од Лигата на шампионите. „Светците“ вечерва ја пречекуваат Бенфика на „Паркот на принцовите“, откако минатиот меч во Лисабон заврши 1:1.

Аргентинецот заработи повреда на потколеницата на првиот натпревар меѓу двата тима во Лисабон пред една недела и мораше да биде заменет во 81. минута од натпреварот. Тој не играше за ПСЖ на првенствената пресметка против Реимс во саботата.

„Знаеме дека Лео е многу важен за нашата игра, неговата форма и односот што може да го има со другите играчи. Не можеме да се радуваме на неговото отсуство. Но, ќе мора да најдеме други начини да создадеме опасност за одбраната на Бенфика“, изјави Галтие.

„Мораме да создадеме други можности. Кога е Меси во составот, ние играме многу повеќе со топката во средниот ред. Работевме напорно на тоа за да донесеме поголема разновидност во нападот“, дополни тренерот на ПСЖ.

Scroll to Top