Top Sport

Хаос во српскиот фудбал – Чукарички одби да го доигра мечот со Партизан

По вчерашните инциденти со навивачите и тепачката со полицајците по кој беше прекинат мечот Чукарички-Партизан, српскиот фудбал влегува во нова криза, откако управата на Чукарички реши да не го игра мечот, барајќи да добијат службена победа од 3:0.

Според клубот, одлуката за прекин на мечот според правилата не била донесена од двата клуба и судијата Милан Митиќ, кој не отсвирил крај на дуелот. Мечот, кој може да одлучи кој ќе го освои второто место на табелата и така пласман во Европа, беше прекинат во 22. минута откако навивачите на Партизан почнаа да фрлаат факли и столчиа на теренот

„Тоа што се случуваше на стадионот на ‘Баново Брдо’ во вторниот беше голема срамота на српскиот фудбал. Ние ги преземавме сите мерки за да се остварат усови за игра и сметаме дека правилата треба да се почитуваат, а виновниците да се казнат“, велат од Чукарички.

Прекин во српското дерби Чукарички-Партизан, полицијата тепаше навивачи

Scroll to Top