Top Sport

Барцокас е најдобриот тренер во Евролигата

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас е добитник на наградата „Александер Гомељски“ како најдобар тренер во Евролигата оваа сезона и тоа пред стартот на Фајнал фор турнирот.

Барцокас го предводеше Олимпијакос до 24-10 скор во регуларната сезона, најдобар во лигата, за потоа во четврт-финалето да ги елиминираат Фенербахче со 3:2 за пласман на Ф4 турнирот во Каунас, Литванија.

Ова е вторпат едноподруго Барцокас да ја добива наградата и третпат во кариерата, со што се израмни по бројот на трофеите со тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ. Изборот го прават другите тренери во Евролигата.

Scroll to Top