Top Sport

Галтие: Заслужувам да останам во Пари Сен-Жермен

Кристоф Галтие инсистира дека заслужува уште една сезона да се докаже со Пари Сен-Жермен, откако ја обезбеди 11. титула на богатиот клуб од Париз, додавајќи дека се работело за тешка сезона.

По 1:1 ремито со Стразбур во саботата, Пари Сен-Жермен ја потврди француската титула, мала утеха за тимот полн со ѕвезди од кого секогаш се очекува трофеј од Лигата на шампионите. Токму затоа, француските медиуми одамна почнаа со шпекулациите кој ќе го замени Галтие со Луис Енрике како прв кандидат, но тој верува дека заслужува втора шанса.

„Заслужувам втора сезона со Пари Сен-Жермен. Ќе го повторам тоа уште еднаш бидејќи никој не сака да го слушне, но оваа сезона беше специјална. Моравме да останеме наа вистински пат кога сите мислеа дека се удавивме. Тоа е заслуга на моите играчи кои не се предадоа. Не треба да се намалува вредноста на оваа титула“, вели Галтие.

Scroll to Top