Top Sport

Најавата на Надал за повлекување го натерала Ѓоковиќ да размисли за иднината

Светскиот рекет број 3, Новак Ѓоковиќ признава дека немал најдобри подготовки за Ролан Гарос, но се надева дека најдобрата форма ќе ја пронајде во Париз, каде што го стартува Франција опен во понеделник против 24-годишниот Американец со српско потекло, Александар Ковачевиќ.

Повредите и просечната форма го спречија Ѓоковиќ да освои титула на земја оваа пролет, но тој останува оптимист.

„Знам како да ја менаџирам својата форма со мојот тим, но вистина е дека немав фантастични подготовки пред Ролан Гарос. Но, секогаш сум велел дека на овој турнир треба да ја вратам својата најдобра форма. Се надевам дека тоа ќе се случи“, вели Ѓоковиќ.

Освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули вели дека тенисот е сосема поинаков на гренд слем турнирите и верува дека е најдобриот во игра во пет сета. Но, отсуството на 14-кратниот шампион од Париз, Рафаел Надал и неговата најава дека 2024 година ќе биде неговата последна носи необични емоции за Србинот

„Гренд слем тенисот е сосема различен спорт од обичната турнеја, прво бидејќи мораш да освоиш три сета. Тоа носи посебна важноста на овие турнири, дополнителен притисок, но и голема мотивација. Подготвен сум, како и секогаш да го дадам мамксимумот. Тоа што Рафа Надал не е тука е голема шанса за мене и за другите тенисери, но во исто време на големите турнири ги сакате најдобрите играчи, и во исто време тоа ме натера да размислам каде и како ќе биде крајот на мојата кариера. Тоа малку ме шокираше и придонесе јас да размислам за истото“, вели Ѓоковиќ во интервју за „Јуроспорт“.

Scroll to Top