Top Sport

Гамеиро му откина победа на Марсеј

Олимпик Марсеј беше на прагот да забележи победа и да стави крај на црната серија од четири порази, но ја испушти во 94.минута од гостувањето кај Стразбур. Кевин Гамеиро погоди и му донесе реми (2:2) на домаќинот.

Олимпик Марсеј имаше два гола предност по првото полувреме. Стрелци на головите за тимот на Игор Тудор беа Бамба Диенг и Иса Каборе.

Сепак, Стразбур се издигна во завршницата од мечот. Лебо Мотиба во 76.минута го намали резултатот, а израмнувачкиот погодок беше дело на Кевин Гамеиро во судиското продолжение од дуелот.

Scroll to Top