Кевин Гамеиро го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во редовите на Валенсија. Поранешниот француски репрезентативец доби дозвола да го напушти Мадрид откако во клубот пристигна Никола Калиниќ.
Гамеиро изминатите три сезони во Атлетико одигра 56 натпревари постигна 19 гола, но не ја оправда репутацијата на врвен стрелец поради што „јорганџиите“ во 2016 година издвоија 38 милиони евра за неговиот трансфер.
Валенсија за францскиот напаѓач ќе плати 16 милиони евра, а тој потпиша договор до 2021 година.
Интересно тој за Валенсија може да дебитира в недела и тоа токму против Атлетико.