Top Sport

Гана за 10 минути ја „скрши“ Јужна Кореја

Репрезентацијата на Гана води по првото полувреме против Јужна Кореја со 2:0. Ова е првиот меч од второто коло, во Х-групата. Од 17 часот во оваа група ќе играат Португалија и Уругвај.

И покрај тоа што беа притиснати во својата третина во првите 22-23 минути од натпреварот, Гана со добра предност го заклучи првиот дел.

Салису им ги „скрати крилјата“ на Корејците во 24.минута, а во очај ги фрли Кудус кога го постигна вториот гол десет минути подоцна.

Scroll to Top