Top Sport

Одлуката е донесена – Бускетс ја напушта Барселона

Капитенот на Барселона и Шпанија, Серхио Бускетс од следната сезона нема да биде играч на Барселона. Бускетс во текот на својата кариера го носеше дресот на славниот клуб.

Како што стојат работите, одбранбениот играч за врска од следната сезона ќе настапува во САД, во МЛС лигата, каде ќе биде играч на Интер од Мајами.

Шпанските медиуми објавија дека Бускетс одлучил дека е вистинскиот момент да се повлече од репрезентацијата и од Барселона. Тој му порача на Луис Енрике дека натпреварите во Катар ќе му бидат последни во дресот на Шпанија, како и дека оваа сезона е последна во дресот на Барселона.

Неговиот договор со Барселона истекува на 30 јуни. Слободно може да се каже дека ќе се пресели во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Бускетс за првиот тим на Барселона и Шпанија дебитираше во 2008 година.

Scroll to Top