Младиот Алехандро Гарначо се покажа таличен за Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Фулам. Тој во судиското продолжение постигна погодок за триумф од 1:2.
Кристијан Ериксен во 14.минута успеа да го отвори резултатот, но Даниел Џејмс донесе израмнување во 61.минута. И кога се мислеше дека двете екипи ќе освојат по еден бод, на крајот Гарначо погоди за важен триумф за „црвените ѓаволи“.