Top Sport

Гарсија останува на кормилото на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис одлучи да му даде уште една шанса на тренерот Руди Гарсија и покрај лошиот старт на клубот во Серија А.

Наполи минатата сезона ја освои титулата во Серија А, а клубот од Неапол по вториот пораз во италијанското првенство од Фиорентина (1:3) се наоѓа на петтото место на табелата со седум бодови помалку од првопласираниот Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гарсија бил на состанок со челниците на Наполи за сите да ја анализираат ситуацијата и проблемите кои се појавија на стартот од сезоната.

Тој го презеде Наполи во јуни годинава од Лучијано Спалети, кој замина од клубот поради несогласувањата со првиот човек на клубот.

Де Лаурентис смета дека францускиот стручњак е долгорочно решение на клупата на тимот од Неапол.

Наполи во следното коло од Серија А на 21 октомври ќе и гостува на Верона, а потоа ќе игра со Унион во Лигата на шампионите.

Scroll to Top