Top Sport

Бенитез до играчите на Хетафе: Ќе го уништите фудбалот

Рафа Бенитез, тренерот на тимот на Селта, се расправал со играчите на Хетафе по нерешениот резултат меѓу двата тима (2:2).

Не бил задоволен како играле играчите на противничката екипа, кои, според него, многу ја задржувале играта.

„Мислам дека ефективно се играше 50 минути“, изјави Рафа по натпреварот.

Поранешниот менаџер на Ливерпул по натпреварот на теренот влезе во вербална пресметка со некои играчи на Хетафе.

„Ќе го уништите фудбалот играјќи вака. Невозможно е да се игра“, изјави Бенитез.

Мата, играчот на Хетафе, го праша Рафа дали можеби тоа е вина на судиите, на што тој одговори:

„Твоја вина е тоа што го правиш на теренот“.

Мата не му остана должен, па го искаса:

„Дали е тоа нормално за тебе? Бод дома“.

Бенитез подоцна објасни што разговарал со играчите на Хетафе.

„Коментирав за да истакнам дека на овој начин нема да го подобриме фудбалот и одговорив на некои многу силни коментари што ги слушнав“, изјави тренерот на Селта.

Селта не успеа да го победи Хетафе и покрај тоа што гостите од 30.минута играа со фудбалер помалку.

Scroll to Top