Top Sport

Гаскоњ: Јас пијан, нема врска!

Пол Гаскоњ инсистира дека неговото гостување на емисијата „Сокер АМ“ на „Скај“ во саботата наутро не било прекинато поради тоа што бил во алкохолизирана состојба, туку поради земањето на апчиња за спиење.

Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем и англиската репрезентација беше посебен гостин на утринската фудбалска емисија, но дел од фановите беа загрижени за неговото однесување во првите 45 минути од емисијата со проблеми со зборувањето, по што 51-годишниот Газа си замина предвреме.

Тој на своите фанови преку Твитер им соопшти дека нема ништо лошо со него.

„Прочитав дека некои сметаат дека изгледам најдобро во последните години, а другите велат дека сум пијан. Тоа е добро, но и јас сум добар бидејќи само земав некои апчиња за спиење. Љубов, Газа“, напиша тој на Твитер.

Гаскоњ последните години се бореше со зависноста од алкохол и дроги, но и со повеќе ментални проблеми, но последните година-две изгледаше трезен и среќен.

Scroll to Top